Во виорот на војната една млада жена е на крстопат. Тоа што ќе го направи ќе ја прогонува до крајот на животот. Но, чудесната игра на судбината потврдува дека љубовта и надежта никогаш не умираат.

Оксфорд, Англија. Младата студентка по историја, Кендра Ван Зант, доаѓа во една живописна селска куќа за да ја интервјуира деведесет и двегодишната Изабел Мекфарланд, една од ретките живи сведоци на Лондонскиот Блиц. Она што Кендра го учи од Изабел е и подарок и товар што ќе ги тестира сите нејзини верувања.

Англија во 1940-тите. Во страв од германски воздушни напади врз Лондон по падот на Франција, започнува голема евакуација на околу милион градски деца на село. Петнаесеттодишната Еми Даунтри и нејзината помлада сестра Џулија се вдомени во прекрасна селска куќа во регионот Котсволд. Но, горливата желба на Еми да се врати во градот и да ја продолжи кариерата како дизајнер на венчаници се коси со нејзиното чувство за должност кон нејзината сестра Џулија, која ужива во нивниот престој на село. 

Во истиот момент кога девојките тајно се враќаат назад во Лондон, започнува страшното бомбардирање на градот, сестрите ненадејно се разделуваат, а текот на нивните животи неотповикливо се менува. Еми не може да си го прости тоа...

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Тајните на среќниот живот

  • Издавачка куќа: Матица
  • Автор: Сузан Мејснер
  • Достапност: На залиха
  • 550 ден


Слични продукти

Виконтот кој ме сакаше

"1814 ветува дека ќе биде уште една сезона богата со важни настани и свршувачки, но не и за Антони Б..

Автор:

450 ден

Госпоѓица Шанел

Роман исполнет со драма, страст, трагедија и убавина, кој неверојатно го опишува животот на познатат..

Автор:

590 ден

Шепотот на пчелите

Од денот кога старата нана Реха го најде напуштеното бебе под мостот, животот во малиот мексикански ..

Автор:

630 ден

Девојките од платната

Овој возбудлив роман е сместен во бел епок, париското златно време на убавината и бонвиваните, апсин..

Автор:

480 ден

Ознаки: tajnite na srekjniot zivot, suzan mejsner