Колби Милс верува дека е предодреден за блескава музичка кариера, но ужасна трагедија му ги руши надежите. Сега ја води семејната фарма во Северна Каролина и, како кус одмор од секојдневните обврски, прифаќа да свири во еден бар на плажата во Сент Пит во Флорида.
Кога ја запознава Морган Ли, светот му се превртува наопаку. Судбоносната средба го тера да се замисли дали одговорноста што ја нагрбил мора засекогаш да му го управува животот. Морган е ќерка на богати доктори од Чикаго и дипломка на престижна музичка академија, која сонува да се пресели во Нешвил за да стане ѕвезда. И во љубовта и во музиката, Колби и Морган се надополнуваат како што никогаш не верувале дека е можно.
Додека нивната љубов расте, во едно зафрлено гратче, Беверли се обидува да создаде пристоен живот за неа и за нејзиниот шестгодишен син, по бегството од насилниот сопруг. Но, парите ѝ се при крај и опасноста ги демне од сите страни. Очајната одлука што ќе ја донесе ќе промени сè во што верувала.
Судбината ќе ги спои тројцата и ќе ги натера да се запрашаат дали сонот за подобар живот може да ја надмине тежината на минатото. Трогателна приказна за смелоста да ризикуваш cè за да го оствариш сонот – и за (не)можноста да го оставиш минатото зад себе.
Слични продукти
Писмото на госпоѓа Вилма
Секое семејство крие свои тајни. Меѓутоа, некои, е подобро да останат закопани. Ова е роман за тајни..
450 ден
Последната пролет во Париз
Една сосема обична старост и рутинска новинарска задача ќе ги спои судбините на две непознати жени. ..
450 ден
Империја на страсти
Од авторката на бестселери на Њујорк тајмс и феноменот на БукТок, Рина Кент, пристигнува возбудливио..
490 ден
Париската библиотека
Годината е 1939-та, а местото е Париз. На младата, убава и амбициозна парижанка Одил Суше сè ù оди о..
350 ден
Ознаки: zemja na sonistata, nikolas sparks
