Добре дојдовте во суровиот и елитен свет на воениот колеџ за јавачи на змејови.

Дваесетгодишната Вајолет Соренгејл од мала се подготвува да влезе во Квадрантот на писарите, каде што ќе живее мирен живот, опкружена со книгите и историјата. Но, нејзината строга мајка, генерал на воениот колеџ „Басгијат“, има други планови. На нејзина заповед, Вајолет им се придружува на стотиците кандидати кои сакаат да ја поминат опасната обука и да станат дел од кралската елита: јавачи на змејови.

Меѓутоа кога си ниска и кревка, смртта те демне зад секој агол… зашто змејовите не се поврзуваат со слаби човечки суштества – ги спалуваат. Освен тоа, многумина се подготвени да ја убијат, бидејќи кадетите желни за слава се побројни од змејовите кои се подготвени да се поврзат. А, други пак, како Зејден Риорсон, бескрупулозниот и опасно привлечен крилен заповедник, би ја убиле само зашто го носи омразеното презиме Соренгејл.

Вајолет ќе мора да ја искористи сета своја итрина ако сака да го дочека изгрејсонцето. Со секој изминат ден, и војната станува cè пожестока, магичните штитови на кралството попуштаат и бројот на жртвите расте… А, најлошото е што Вајолет почнува да се сомнева дека раководството крие ужасна тајна.

Пријатели, непријатели, љубовници. Сите во „Басгијат“ имаат сопствени мотиви и планови. Затоа што, штом ќе влезеш во Квадрантот на јавачите, постојат само два начина да излезеш: да дипломираш или да умреш.

Силата на храброста е поважна од физичката сила...

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Четврто крило

  • Издавачка куќа: Сакам Книги
  • Автор: Ребека Јарос
  • Достапност: На залиха
  • 890 ден
  • 668 ден


  • 1 или повеќе 668 ден

Слични продукти

Љубов меѓу редови

Роуан: Работа ми е да создавам бајки. Забавни паркови. Продукциски компании. Хотели со пет ѕвез..

Автор:

368 ден 490 ден

Премногу

Љубовта е чудна. Доаѓа од нигде-никаде. Таа е чиста емоција и страст. Емоцијата и страста може да би..

Автор:

329 ден 470 ден

Изопачена омраза

Тој ја мрази… речиси исто толку колку што ја посакува.Прекрасниот, арогантен и екстремно успешен док..

Автор:

375 ден 500 ден

Железната завеса

Два света на работ на промена во една љубовна приказна осудена на пропаст.Милена е “црвена принцеза”..

Автор:

390 ден 520 ден

Ознаки: cetvrto krilo, rebeka jaros