Во рамките на обемното прозно творештво на Андриќ има голем број текстови кои се занимаваат со децата и со детството, и тоа, што е својствено за него, низ најразлични призми и од најразлични перспективи. А, во втората половина на 1930-тите години светлината на денот ја здогледува и една негова збирка раскази насловена, едноставно, „Деца“.


Андриќ го слика детството како сложен период од човечкиот живот, исполнет со многу страдања, болки, па дури и зло присутно кај – како што писателот ги нарекува децата – малите луѓе.


„Малите луѓе, кои ние ги викаме ’деца‘, имаат свои големи болки и долги страдања, кои потоа како мудри и пораснати луѓе ги забораваат. Поточно, ги губат од вид. А, кога би можеле да се вратиме назад во детството, како во клупата во основното училиште од кое сме веќе одамна излезени, ние повторно би ги здогледале. Таму долу, под тој агол, тие болки и тие страдања живеат и понатаму и постојат како и секоја друга стварност .“ - извадок од „Деца“

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Деца

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Иво Андриќ
  • Достапност: На залиха
  • 300 ден
  • 225 ден


  • 1 или повеќе 225 ден

Слични продукти

Азбуката на куклата

Машини за шиење, кукли, огледала, конзервирана храна, продавници во кои се продаваат необични предме..

Автор:

245 ден 350 ден

Избрани раскази

Чехов е автор на околу 900 дела, најголемиот дел хумористични раскази, драми, новели и повести, кои ..

Автор:

338 ден 450 ден

Кишот

Кишот e средовечен патувачки трговец со лекови и зависник од телевизиски емисии, кој тргнува на пат ..

Автор:

315 ден 450 ден

Магла и месечевина

„Магла и месечевина“ е своевиден увод во подоцнежните дела на Селимовиќ, а дел од критиката го смета..

Автор:

188 ден 250 ден

Ознаки: deca, ivo andrikj