Берд е мало гратче сместено меѓу ерменските планини. Таму секоја куќа има своја приказна, секој сосед има своја болка, а секое утро мириса на свеж леб. Во тој свет, истовремено суров и нежен, расте едно девојче, кое уште учи што значат љубовта и загубата, и кое инсистира да го викаат само Девојчето. Низ нејзините очи се раѓа мозаик од луѓе што не исчезнуваат ни кога ќе заминат: баби што раскажуваат како да кажуваат молитви, мајки што тивко го носат светот на своите плеќи, соседи што се караат и се сакаат со иста страст.
„Луѓето што се секогаш со мене“ е топол и светол роман за вечната присутност на оние што нѐ обликуваат. За љубовта која не престанува, за спомените што светат во мракот, и за добрината – најсилната форма на отпор.
По големиот успех на „Три јаболка паднаа од небото“, Абгарјан ни претставува уште една нежна и длабока приказна – „Луѓето што се секогаш со мене“ е книга полна со топлина и човечност.
Луѓето што се секогаш со мене
- Издавачка куќа: Муза
- Автор: Нарине Абгарјан
- Достапност: На залиха
- 390 ден
-
273 ден
-
- 1 или повеќе 273 ден
Слични продукти
Момент на неизбежното
Ана, богата млада девојка без емоции, бесрамно ги искористува и ги отфрла мажите, ги понижува и си и..
368 ден 490 ден
Три јаболка паднаа од небото
Три јаболка паднаа од небото – „едно за оној што видел, друго за оној што раскажал, а..
266 ден 380 ден
Последната од девојките Месечини
Лизи Месечина никогаш не ја сакала фармата на девојките Месечини. Пред осум години, таа ја напуштила..
360 ден 450 ден
