Сопружниците Лесја и Олекса, заедно со ќерката тинејџерка Таја и кучката Дина живеат во обична зграда со цветни леи пред влезовите и тесни балкони од кои во летните вечери е пријатно да се слуша градот и да се гледа како ноќта се спушта врз него. Нивниот живот исто така изгледа обичен, дури и банален, сè додека Олекса не пропадне во вителот на прекумерната страст, која се заканува да уништи и да затрупа сè — воспоставените навики, меѓусебните чувства, па дури и претставите за самите себе.
Приказната на почетокот се чини секојдневна, но подоцна, со секој нов пасус се затегнува како пружина, се исполнува со напнатост и за само неколку десетици страници се урива врз читателот како лавина. А, таа книжевна лавина е толку мајсторска, толку префинета и прекрасна, што можеме само восхитено да уживаме во неа.
Во срцевината на романот лежи митот за Актеон. Кај Андрухович, овој древен мит станува современа метафора: погледот како акт на љубов и уништување, блискоста како откривање на туѓа и сопствена голотија, вината што следи кога таа границата ќе се премине. Андрухович вешто го поставува прашањето: што се случува кога конечно ќе се погледнеме вистински – и дали можеме да преживееме по тоа гледање?
Катананхе — полско цвеќе што цвета и на најсувата почва — станува симбол на таа можност: да се распаднеш и повторно да никнеш, да сакаш, и покрај сè.
Катананхе
- Издавачка куќа: Муза
- Автор: Софија Андрухович
- Достапност: На залиха
- 380 ден
-
266 ден
-
- 1 или повеќе 266 ден
Слични продукти
Четирите ветришта
Тексас, 1934. Милиони се без работа и невидена суша ги пустоши Големите рамнини. Фармерите се борат ..
400 ден 500 ден
Лето во Тоскана
Полина Фонтана е жизнерадосна старица, која со години е отуѓена од своето американско семејство. Но,..
400 ден 500 ден
Госпоѓица Шанел
Роман исполнет со драма, страст, трагедија и убавина, кој неверојатно го опишува животот на познатат..
443 ден 590 ден
Завеани за Божиќ
Таа е завеана со семејството. Единствениот проблем? Тоа не е нејзиното семејство…Семеен собирОвој Бо..
392 ден 490 ден
Ознаки: katananhe, sofija andruhovic
