Пајпер Мекена не можеше да биде повозбудена што нејзиниот „изгубен“ брат Риф се врати во Јенси, Алјаска, по пет години. Но, нејзината среќа е краткотрајна кога Риф ќе се појави во нејзината куќа облеан во крв. Една колешка сноубордер е убиена ‒ но и покрај доказите, Риф се колне дека е невин. И Пајпер му верува.
Заменикот Лендон Грејнџер ги сака Мекенови како семејство, но тој исто така се заколнал дека ќе ја открие вистината. Пајпер е фрустрирана од неговата потреба за факти наместо вера, но знае дека најблиските имаат моќ најмногу да те измамат. Некои неочекувани траги ја комплицираат истрагата, а следењето на вистината може да значи ризикување на кариерата на Лендон.
Додека Пајпер ја води сопствената потрага, двајцата се упатуваат длабоко во суровата заднина на Канада ‒ и се случуваат неочекувани компликации. Не само што се чини дека нивното долго пријателство се претвора во нешто повеќе туку овој опасен случај со секој чекор ќе стане сè посмртоносен.
Слични продукти
Враќањето на Шерлок Холмс
НАЈПОЗНАТИОТ ДЕТЕКТИВ НА СИТЕ ВРЕМИЊАЕден и единствен, Шерлок Холмс сензационално се враќа од мртвит..
400 ден
Регрути
Еден поинаков свет, веќе десетина години ги привлекува близнаците Шон и Дилoн Кирел. Местото што го ..
420 ден
Пеколен меден месец
Во науката го нарекуваат енергија. Во религијата – верба. Лаички е ‚‚вајб‘‘ или атмосфера. Шесто сет..
400 ден
Убиј го таткото
Единствениот кој може да го запре е единствениот кој му има побегнато…Данте Торе поминал единаесет г..
520 ден
Ознаки: rasparceni, deni petri
