Ејвери Мејсон, водителка на емисијата „Американски настани“, знае кои теми го привлекуваат вниманието на телевизиската публика. Нејзината најнова сторија – мистерија за убиство измешана со изопачен секс, трагедија и со предавство – со гаранција ќе оствари највисоки можни рејтинзи. Благодарение на најновата технологија за работа со ДНК, главниот патолог на Њујорк успева да ја изведе првата успешна идентификација на жртва од терористичките напади на единаесетти септември 2001.


Пресвртот се состои во тоа што жртвата е Викторија Форд, своевремено обвинета за убиство на нејзиниот љубовник, инаку женет човек. Во последниот телефонски повик до сестра си, од кој замрзнува крвта, Викторија ѝ остава порака со која ја преколнува да ја докаже нејзината невиност. Сестрата, Ема Кајнд, чека дваесет години за да спласне правта, но таа траума не може да се смири сè додека не успее да го обели образот на Викторија. Јажето, спалната соба и целата сцена на злосторството биле прекриени со траги од ДНК на сестра ѝ, но дали зад ова се крие нешто повеќе?


Пред дваесет години никој не ја слушал вистината. Денес ќе ја слушнете вие. 

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Дваесет години подоцна

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Чарли Донли
  • Достапност: На залиха
  • 550 ден
  • 413 ден


  • 1 или повеќе 413 ден

Слични продукти

Исчезнатиот маркиз

Сега и филм на „Нетфликс“ со Мили Боби Браун, Хенри Кавеил и Хелен Бонам Картер!Запознајте ја Енола ..

Автор:

224 ден 280 ден

Сонцето под земја, кралството над него

Длабоко под земја лежи второто сонце, елша. Елшата е магична материја која со векови ги хранела Сонч..

Автор:

338 ден 450 ден

Тајната аптека

1791 година. Една студена февруарска ноќ, во тајна аптека скриена зад лажен ѕид, во задниот дел..

Автор:

315 ден 450 ден

Долината на стравот

Шерлок Холмс се соочува со еден од најопасните случаи во својата кариера. Тој добива загадочно ..

Автор:

225 ден 300 ден

Ознаки: dvaeset godini podocna, carli donli