Митот стана реалност – по стотици, ако не и илјадници години, по земјата чекори човек кој ги поседува Сончевите моќи...
Елшата крунисува, елшата гори. Елшата возвиши поранешен хилијарх, а кралот Марко наследи кралство на раб на војна. Несплотени градови, тензија и неизвесност – само со крв се решава спорот, предавници и узурпатори немаат место во Крунски. Останува на Заргла Неда да извојува победа за вистинскиот престолонаследник и да го обедини тоа што Каландар го распарчи.
Една кралска ќерка е заробена во туѓо кралство, каде владее најмоќното божество Ат-Aд, додека другата засведочува како човекот со почиста крв од самиот крал жртвува сè за да си ги исполни своите мистериозни цели. Сами, во два непознати света, и на двете не им се преживува, им се владее.
Среде политичките сплетки и крвавите пресметки, Токиј Токмакот само сака да си го спаси својот другар, да го извлече надвор од подземјето. Тој не трпи неправди, па на својата нова потрага си понесува неочекуван придружник. Пријателствата се скапоцени, а магијата добредојдена во тешките времиња кои безмилосно го поробуваат кралството, гнилејќи го од сржта. Кој кому навистина му ја плети судбината, боговите на луѓето или луѓето на боговите?
Оки железо за магичното сечило
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Елена Бошбож
- Достапност: На залиха
- 550 ден
-
413 ден
-
- 1 или повеќе 413 ден
Слични продукти
Како убиваат добрите девојки
Сите во Литл Китон ја знаат оваа приказна.Пред пет години убавата и популарна матурантка, Енди Бел, ..
390 ден 520 ден
Шума на спомените
Застрашувачки трилер за грабната девојка, момче кое може да ја спаси и фаталната игра на измама и пр..
338 ден 450 ден
Азбучната куќа
Втора светска војна – двајца англиски пилоти, eдна психијатриска болница за офицери на СС и една мно..
450 ден 600 ден
