Тој што сака секогаш и во сите ситуации да биде добар, ќе пропадне меѓу другите што не се добри...


Провокативна и контроверзна, „48 закони на моќта“ отворено зборува за мрачните страни на човековото однесување и неговата желба за моќ, што ја прави актуелна особено во денешно време.


Некои нејзини закони нѐ учат за скромноста, други за таинственоста, а некои нѐ упатуваат на бескомпромисно извлекување лична полза. Независно од моралните забелешки до кои може да се дојде, тие закони се сосем реални и видливи во нашето секојдневие. Целта на оваа книга не е да се прикаже начинот на стекнување моќ туку, напротив, да се научиме да ги препознаваме туѓите обиди за завладување на нашиот живот.


Возбудлива и богата со вистински историски настани и ликови, првпат објавена во 1998 година, ова е книга за принципите и стратегиите што луѓето отсекогаш ги користеле за стекнување и одржување на власта во различни контексти, од политика и бизнис до личните односи.


Водич со непроценливи увиди за меѓучовечките односи, за манипулацијата и општественото влијание, кои можат да се применат за лично и за професионално растење и напредување.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

48 закони на моќта

  • Издавачка куќа: Три
  • Автор: Роберт Грин
  • Достапност: На залиха
  • 450 ден
  • 360 ден


  • 1 или повеќе 360 ден

Слични продукти

Гласот во твојата глава

Во секој од нас постои глас кој никогаш не замолчува. Тој не ти дозволува да спиеш, не ти дозволува ..

Автор:

239 ден 299 ден

Мудар родител - среќно дете

„По дваесет години како семеен психолог, знам дека никој не е роден како добар родител. Но, исто так..

Автор:

450 ден 600 ден

33 стратегии на војувањето

Во војната и во животот премногу работи се непредвидливи.Научете ги офанзивните стратегии на животот..

Автор:

360 ден 450 ден

Умешност на лутината

Повик за сопствена револуција „Умешност на лутината“ нè води на мало патување во лутината... Ова чув..

Автор:

280 ден 350 ден

Ознаки: 48 zakoni na mokjta, robert grin