Каталина Мартин има голем проблем. Благодарение на една мала издрдорена лага, сега целото нејзино семејство мисли дека е лудо вљубена во своето момче. Шармантен Американец… кој всушност не постои!
Па, затоа брзо мора да најде човек што е подготвен да го премине Атлантикот и да го глуми нејзиниот совршен партнер. Некој што не е Арон Блекфорд – нејзиниот висок, синоок и надмен колега чија животна цел е да ја вади од такт. Таа е убедена дека тој е последната личност на светот којашто би прифатила да ѝ помогне, но сепак, самиот ѝ се нуди да ја извади од непријатната ситуација. Свадбата наближува, а нејзиниот поранешен свршеник и неговата нова девојка се на списокот со гости, па Каталина станува сè поочајна. Има само две опции – да ја признае лагата или да го прифати предлогот на неподносливиот колега.
Три дена, една лажна врска и маж кој можеби и не е толку лош надвор од канцеларијата…
Слични продукти
Можеби овој Божиќ
„Полн со позитивна енергија, крајно секси и празнично топол – серијалот за браќата О’Нил е совршенст..
420 ден
Вистинскиот за мене
Паднат боскер. Жена со скршен сон. Мрачна тајна што има моќ да уништи сè…Тејт Ремингтон – ..
420 ден
Позајмени сништа
Му должиш на детето во тебе да се бориш за неговите соништа, му вети, се сеќаваш?Понекогаш посакувам..
300 ден
Фаворити
За светот се скандал. Еден за друг, опсесија.Таа нема значајно потекло, познато име, богатство или с..
590 ден
Ознаки: spanska ljubovna izmama, elena armas
