Сидни нема среќа со мажите, како и секоја втора жена во Њујорк. Таа има видено сѐ: мажи кои лажат на своите профили на сајтовите за запознавање, мажи кои те оставаат сама да ја платиш сметката за вечерата и, најлошо од сѐ, мажи кои не можат да престанат да зборуваат за своите мајки.
Но, нејзиниот нов дечко е совршен. Шармантен, згоден и работи како доктор во локална болница. Па, Сидни е на седмо небо. Тогаш се случува бруталното убиство на млада жена – само уште едно во низата смртни случаи на брегот. Главниот осомничен е мистериозен маж кој има кратки романтични врски со жртвите пред да ги убие.
Сидни треба да се чувствува безбедно. На крајот на краиштата, се гледа со човекот од нејзините соништа. Но, ја јаде некој сомнеж дека има шанси совршениот маж да не е толку совршен колку што изгледа. Затоа што некој го набљудува секој нејзин чекор и ако не ја дознае вистината, таа ќе биде следната жртва на убиецот.
Дечкото
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Фрида МекФаден
- Достапност: На залиха
- 520 ден
-
416 ден
-
- 1 или повеќе 416 ден
Слични продукти
Детето што сакаше елени
#3 Миа Кригер и Холгер МункЗима е, 1996 година. Еден пензионер вози низ планините со својот автомоби..
338 ден 450 ден
Ознаки: deckoto, frida mekfaden
