Нема посоодветна личност за запознавање на почетниците и за потсетување на искусните практиканти со основите на тибетскиот будизам од Неговата светост Далај Лама.


Обраќајќи се на публика сочинета од ученици од Западот, тој ни покажува како да ги применуваме основните будистички начела во нашите секојдневни животи. Почнувајќи токму со темелот на будизмот, со Четирите благородни вистини, ја поставува рамката за разбирање на првите учења на Буда за страдањето, за среќата и за мирот.


Потоа следуваат негови коментари за два од најважните будистички текстови од аспект на длабочината на увидот: „Осум строфи за извежбување на умот“ и „Ламба за патот до просветлувањето“ од Атиша, при што често го посочува првонаведениот текст како еден од главните извори на инспирација за практикување сочувство.


Со јасен, разбирлив јазик и со препознатливата смисла за хумор, која проблеснува во речиси сите негови дела и активизам, Далај Лама нè поканува сите да развиеме најпрониклива свесност, вистинско и правилно разбирање на природата на стварноста и искрено сочувство за сите битија.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Вовед во будизмот

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Далај Лама
  • Достапност: На залиха
  • 350 ден
  • 263 ден


  • 1 или повеќе 263 ден

Слични продукти

Семоќното јас

Среќата, во најголем дел, се наоѓа на дофат на индивидуата. Среќата доаѓа одвнатре, а не однадвор. С..

Автор:

210 ден 300 ден

Психологија на емоциите

Најважното дело на Теодул Рибо за афективниот живот и почетна точка на сите негови понатамошни дела ..

Автор:

280 ден 400 ден

Добри вибрации, добар живот

Љубовта кон себе е баласирање меѓу прифаќањето на себеси онакви какви што сте, иако знаете дека засл..

Автор:

400 ден 500 ден

Методот на Вим Хоф

Вим Хоф, познат и како ледениот човек, држи повеќе светски рекорди во подвизи за издржливост и излож..

Автор:

375 ден 500 ден

Ознаки: voved vo budizmot, dalaj lama