Роман кој со својата едноставност успева да го трогне читателот и да пренесе пораки од непроценлива вредност што ги надминуваат сите очекувања.
Шуичи е млад илустратор на детски книги кој се справува со загубата на мајка му во куќата во која пораснал и која се обидува да ја реновира за да може да ја продаде или да ја изнајми. Тогаш се појавува осумгодишниот Кента и секој од нив настапува на свој начин во запознавањето и комуникацијата. Возрасниот со имагинација и со фантазија, детето со игра, со нелогичности и со доза меланхолија.
Дестинацијата на возбудливото патување на двајцата протагонисти станува островот Тешима во Југозападна Јапонија, каде што се наоѓа Архивата на срцебиењето. Во неа се собрани срцевите отчукувања на луѓе од целиот свет. Секое отчукување е приказна, а сето тоа заедно е споменик на сеќавањето.
Ако не размислуваме за спомените и како тие функционираат, не можеме да откриеме ниту кои сме навистина. Оваа книга го прави токму тоа – ни овозможува да се сетиме на најважните нешта за да можеме да ја раскажеме нашата приказна.
Островот на срцебиењето
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Лаура Имаи Месина
- Достапност: На залиха
- 450 ден
-
338 ден
-
- 1 или повеќе 338 ден
Слични продукти
Лавовите од петтата авенија
Една навидум безопасна ситуација може да ја доведе во прашање егзистенцијата на едно среќн..
390 ден 520 ден
На земјата сме кратко прекрасни
Да почнам повторно, ќе напише Мало Куче, младич во дваесеттите години, во првиот ред на писмото..
338 ден 450 ден
Островот на пеликаните
Уште една крими-драма што е сосем поинаква од која било книга од тој жанр. Дејството ги следи с..
300 ден 400 ден
Збогум, сеништа
Ида има триесет и нешто години, живее со својот сопруг во Рим и работи за радиостаница. Тукушто прис..
225 ден 300 ден
