Либерти, Индијана, е дом на станицата на подземната железница со која управуваат Ана Брент и нејзиниот татко, тајни аболиционисти коишто имаат засолниште за робови што побегнале и патуваат кон слободата. Брентови мора да бидат многу внимателни; секој што ќе биде фатен како помага во бегство станува предмет на затворска казна според Законот за робови во бегство од 1850 година.
Така, кога Ана ќе почне да пишува колумни во локалниот весник во кои го осудува ропството, таа мора да го прави тоа под псевдоним. Дури и уредникот на весникот, Даниел Стентон, не го знае вистинскиот идентитет на авторот. Даниел ризикува да ги објави колумните - неговата работа, весникот и неговиот живот може да бидат во опасност.
Кога работата на Ана ќе биде загрозена, дали таа ќе може да му се обрати на гласниот уредник на весникот, човекот кого одвај го познава, за да ја осигури безбедноста на робовите што ѝ се драги? Дали таа и Даниел ќе ризикуваат сè за да им помогнат на робовите бегалци да останат слободни?
Бегалката
- Издавачка куќа: Збор
- Автор: Мелани Добсон
- Достапност: На залиха
- 550 ден
-
385 ден
-
- 1 или повеќе 385 ден
Слични продукти
Првиот универзитетски ден на мојата ќерка
Универзитетскиот професор Иван Коваленко е среќно оженет со богатата сопруга Јулија, живее на една о..
224 ден 320 ден
Часови по измама
ПатникИмам сѐ, а врз мапатана мојата душа празни местасѐ уште вдлабени. Неистраженипредели каде што ..
160 ден 200 ден
Светлината над Лондон
Срцепарателна приказна за две жени разделени со генерации коишто се справувале со предизвиците кои н..
338 ден 450 ден
Ознаки: begalkata, melani dobson
