Сите кои сонувате за големи нешта – зачекорете и патот самиот ќе се појави...
Секој ден може да стане пресвртен. Секоја година е годината што може да ви го промени животот. Бријана Вист не може да го стори тоа за вас. Ниту нејзините мудри зборови. Но, тие можат да ве охрабрат и како стар пријател да ве насочат оддалеку и длабоко однатре.
Ако сте во пресвртен период, ако сè уште го премостувате просторот меѓу местото каде што сте сега и каде што сакате да бидете – запомнете дека личноста што сакате да станете е веќе внатре во вас.
Патувањето што оваа книга ќе ви го приреди го убедува вашиот ум да дејствува постојано и доследно до она што вашето срце знае дека сака да го направи. Книга со 365 дневни лекции и медитации што ќе станат дел од вашето секојдневие. Ова е вашиот референтен водич што ќе ви помогне да се соочите со сите предизвици што ви стојат на патот и ве спречуваат да го остварите посакуваното.
Интерактивна и привлечна книга за лични промени и преобразби. Со нејзино читање и збогатување на своите сознанија, ќе достигнете значаен напредок. Секој следен ден ќе ве натера да застанете пред невидливата порта на можности што досега не сте ја забележале. Не плашете се да влезете внатре, во просторот од кој се раѓа сиот ваш живот.
Пресвртна година
- Издавачка куќа: Три
- Автор: Бријана Вист
- Достапност: На залиха
- 500 ден
-
400 ден
-
- 1 или повеќе 400 ден
Слични продукти
Престанете да размислувате прекумерно
Зачекорете по патот кон смиреноста и уживајте во сегашниот момент...Дали сте често растревожени и по..
256 ден 320 ден
Смирени родители, среќни деца
Пионерски водич за тоа како да се воспитаат одговорни, способни и среќни деца.Приодот на д-р Лора Ма..
450 ден 600 ден
Чудото на исправната мисла
Авторот нѐ учи дека она за кое копнееме, искрено го посакуваме и се стремиме да го достигнеме, има т..
280 ден 400 ден
Креативност во работа со деца
„Креативност во работа со деца“ не е само практичен прирачник, туку и покана да станеш сојузник во д..
520 ден 650 ден
Ознаки: presvrtna godina, brijana vist
