Ноќ на отворањето на „Дворецот“, нов луксузен хотел на крајбрежјето во Дорсет. Базенот блеска, во шумските колиби се поставени торбички со исцелителни кристали за гостите, а коктелот „дворска мазга“ (грејпфрут, ѓумбир, вотка и масло од канабис) се точи во изобилство. Стотици фенери висат од гранките. Свири харфистка во живо. Но, древната шума која се наоѓа околу совршено средениот имот, чува свои тајни.
Локалната заедница, непријателски настроена кон хотелот поради неговото проширување кон плажата и шумата, тивко шепоти за стара паганска легенда – за ноќните птици-одмаздници што може да се повикаат за да донесат правда. Секако, тоа е само легенда, нели?
За време на викендот на отворањето на хотелот, локалната полиција добива повик. Пожар. Мртво тело. Нешто не е во ред со гостите. Што се случило во последните 36 часа во „Дворецот“? И кој – или што – е одговорен за тоа? Сопственичката? Нејзиниот сопруг? Таинствената гостинка? Кујнскиот помошник?
Сè почна со една тајна, пред петнаесет години. А, сега, минатото се појавува како непоканет гостин. И сето тоа ќе заврши со смрт… на летната полноќна гозба. Секој носи свои мотиви. Секој има своја приказна. Но, сите нема да ја преживеат… полноќната гозба.
Полноќна гозба
- Издавачка куќа: Арс Ламина
- Автор: Луси Фоли
- Достапност: На залиха
- 490 ден
-
392 ден
-
- 1 или повеќе 392 ден
Слични продукти
Те сака, мама
„Секој е способен за ужасни работи. Само зависи колку му е лош денот.“Мекензи Каспер е исклучителна ..
472 ден 590 ден
Некој близок
Тие знаат кој е виновникот. Можеби само потсвесно. Но сепак знаат...Кога осумгодишната Дејзи Мејсон ..
336 ден 420 ден
Свети ереси
Рајан Кјузак растеше побрзо од другите. Така е тоа кога си најстар од шесте деца, кога мајката ..
375 ден 500 ден
Ознаки: polnokjna gozba, lusi foli
