Секоја лага има своја цена. Но, дали сте подготвени да ја платите?
Рејчел и Ед Хартли очекуваа денот на дипломирањето на нивната ќерка да биде еден од најсреќните денови на нивното семејство. Но, кога Џема ќе падне на сцената за време на церемонијата, еден прекрасен момент се претвора во тотален хаос. Џема е застрелана.
Приватниот детектив Метју Хил е меѓу првите на сцената. Шифрираната порака што Џема ја добила претходно, во текот на денот, укажува дека некој нејзин близок е замешан. Но, за кого се работи? Како што Метју започнува да истражува, така наоѓа сè повеќе слоеви што ја заматуваат вистината. Тој дури почнува да се сомнева дека Хартлиеви кријат нешто големо, но не само од него туку и едни од други.
Додека Џема лежи во болница во кома, нејзиниот потенцијален убиец сè уште е таму. Може ли Метју да ги открие тајните на семејството пред напаѓачот да го зададе последниот удар?
Нејзиното совршено семејство
- Издавачка куќа: Култура
- Автор: Тереса Дрискол
- Достапност: На залиха
- 500 ден
-
375 ден
-
- 1 или повеќе 375 ден
Слични продукти
Само Бог простува
#3 инспекторот Виктор НиколовДекември, 2019 година. Полицискиот инспектор Виктор Николов по годишнио..
300 ден 400 ден
Смрт на Нил
На една вечера во Лондон, славниот детектив Херкул Поаро ја забележува убавата Жаклин де Болфор како..
304 ден 380 ден
Убиј го таткото
Единствениот кој може да го запре е единствениот кој му има побегнато…Данте Торе поминал единаесет г..
416 ден 520 ден
Речиси нормално семејство
"Речиси нормално семејство" е напнат роман за компромисите што ги правиме со самите себеси за да одг..
400 ден 500 ден

