Шарлот Берд е богата наследничка која штотуку ја воведуваат во високата класа. Таа не се снаоѓа добро во тесните стеги на пуританските строги правила и спасот го пронаоѓа во новото хоби – фотографијата, уметност која се уште предизвикува сомнежи кај благородниците.
Капетанот Беј Мидлтон е привлечен, млад човек и најдобар коњаник во Англија. Откако неговото семејство ќе претрпи финансиска загуба, тој губи надеж дека ќе поседува сопствен коњ со кој би победил на Големата национална трка. Но, кога Шарлот ќе го запознае Беј, таа добива впечаток дека тој целосно ја разбира и не ја гледа само како богата наследничка. Набргу потоа, во Англија доаѓа австриската царица Елизабета, прочуената убавица Сиси, со намера да побегне од строгиот австриски двор кој ја задушува и тука да ја помине ловната сезона. И самата извонредна на седлото, Сиси бара да и го обезбедат најдобриот водич во Англија. Kако придружба и е доделен капетанот Мидлтон. Наклонет кон женската убавина и неодлучен во своите амбиции, освен во една – да победи на Големата национална трка, Мидлтон започнува романса со царицата.
Заплеткан во мрежата на чувствата, помеѓу интелегентната, но неугледна англиска девојка, и надмената и занесна царица, Беј не води низ неодоливата приказна за јавниот живот и тајните копнежи на големите историски личности на викторијанскиот период...
Ловец на богатство
- Издавачка куќа: Матица
- Автор: Дејзи Гудвин
- Достапност: На залиха
- 630 ден
-
473 ден
-
- 1 или повеќе 473 ден
Слични продукти
Пред да заспиеш
Преку блажено несигурниот глас на нараторот Карин, Пред да заспиеш се враќа назад, од денешниот Осло..
349 ден 499 ден
Равенка на стравот
"Ако можете да ја замислите сликата на која гавранот на Едгар Алан По очајнички се обидува да излета..
225 ден 300 ден
Надеж помеѓу страниците
Секоја приказна што започнува со библиотека, прераснува во магична бајка.Клара ѝ помага на нејзината..
328 ден 469 ден
Ознаки: lovec na bogatstvo, dejzi gudvin

