Срцепарателна приказна за две жени разделени со генерации коишто се справувале со предизвиците кои никогаш не можеле да ги предвидат.
КАРА, 2017 год: Кога трговецот на антиквитети Кара Харгрејвс расчистува стар имот, открива остатоци од една изгубена љубов: заборавен дневник што датира од Втората светска војна и фотографија од насмеана млада жена во униформа. Нестрплива да го пронајде авторот на дневникот и жената-војник од фотографијата, таа набрзо сфаќа дека можеби не е подготвена за суровата реалност на военото време во Лондон, за коешто дознава читајќи ги страниците.
ЛУЈЗА, 1941 год: Во 1941, деветнаесетгодишнта Лујза Киин го живееше животот за којшто другите одлучуваа. Таа ќе остане во нејзиното село, ќе го чека богатиот додворувач додека не се врати од војната за да ја побара нејзината рака. Но, кога Лујза неочекувано ќе го запознае пилотот Пол Болтон, атрактивен РАФ пилот, стациониран во локалната база, сè се менува. И повторно сè се менува, кога единицата на Пол е преместена без предупредување. Очајна за нешто повеќе и поголемо во животот, Лујза се приклучува на женскиот огранок на Британската Армија во анти-воздушната артилериска единица како девојка-артилерец.
Како што паѓаат бомбите над Лондон, таа и останатите девојки уживаат во нивните задачи, идентификувајќи ги авионите на непријателите за време на воздушните напади. Единствената работа што ја води Лујза низ оние темни ноќи исполнети со куршуми е сознанието дека таа и Пол наскоро ќе бидат заедно, кога војната ќе заврши. Но, кога купчето од нејзините напишани писма за него ќе ѝ се вратат неодговорени, таа сфаќа дека воената романса може да има многу пoтемна страна.
Светлината над Лондон
- Издавачка куќа: Читај книга
- Автор: Џулија Кели
- Достапност: На залиха
- 450 ден
-
338 ден
-
- 1 или повеќе 113 ден
Слични продукти
Љубов во книжарница
Љубов во книжарница е топла приказна која ќе ве увери во тоа што вистинските книгољупци веќе го знаа..
315 ден 420 ден
Куќата покрај фјордот
Кога Ана Харвик пристигнува во Норвешка во 1946 година, земјата сѐ уште закрепнува по петте сурови г..
390 ден 520 ден
Јужно предградие
„Јужно предградие“ е продолжение на романот „Вратената“ – приказната за двете сестри, сега пораснати..
273 ден 390 ден
Ознаки: svetlinata nad london, djulija keli
