Сите знаеме дека треба да имаме здрави граници за да ги усогласиме работата и приватниот живот, да излеземе на крај со токсичните луѓе и да уживаме во квалитетните односи со партнерот, пријателите и семејството. Меѓутоа, што навистина значат „здравите граници“ – и како успешно да ги покажеме своите потреби, како да знаеме кога треба да кажеме „не“ и да настапиме решително, а притоа да не го повредиме соговорникот?

Авторката Недра Гловер Таваб, експертка за врски и една од највлијателните психолози на Инстаграм, ни го објаснува тој сложен проблем на денешното општество. Во книгата ни претставува едноставни, а истовремено ефикасни начини за поставување здрави граници во сите животни области. Предлага да користиме техники втемелени врз основа на најновите истражувања и најуспешните методи, што се применуваат во когнитивно-бихевиоралната терапија. На тој начин ќе ги одредиме и изразиме своите потреби јасно и без извинување. Ќе ги решиме главните проблеми што се кријат зад козависноста, одмерувањето на силите, анксиозноста, депресијата, преголемиот напор на работа и многу други проблеми што се појавуваат. Авторката ни дава јасни упатства како отворено да зборуваме за своите потреби и да уживаме во слободата што ни ја пружа природното однесување.

„Без здрави граници не сме способни да живееме живот каков што сакаме. Оваа книга е вистински водич за дефинирање на очекувањата и на личните граници што ни помагаат да живееме спокоен живот и да бидеме почитувани и реализирани како што заслужуваме.“ - д-р Скот Бари Кауфман

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Поставете граници, пронајдете мир

  • Издавачка куќа: Бата Прес
  • Автор: Недра Гловер Таваб
  • Достапност: На залиха
  • 430 ден
  • 344 ден


Слични продукти

Психологија на сексуалноста

На овој свет ништо не е реално освен љубовта. Човек се изморува од размислување, па дури и од дејств..

Автор:

320 ден 400 ден

Порив

Луѓето имаат внатрешен порив да бидат автономни, самоопределени и меѓусебно поврзани. А кога ќе го п..

Автор:

400 ден 500 ден

Моќта на намерата

Вашите мисли се реални. Тие се чиста енергија.Речиси сите ја сфаќаме намерата како решеност што нè п..

Автор:

360 ден 450 ден

Размислете уште еднаш

Оваа книга ја истражува умешноста како да ги преиспитувате своите мислења и како да им го менувате м..

Автор:

480 ден 600 ден

Ознаки: поставете граници пронајдете мир, postavete granici pronajdete mir, nedra glover tavab