Една навидум безопасна ситуација може да ја доведе во прашање егзистенцијата на едно среќно семејство.

Њујорк 1913 година. Лора Лајонс има сè во животот. Сопруг, кој е управник на Јавната библиотека во Њујорк, две прекрасни деца, стан над големата зграда на библиотеката. Но Лора сака повеќе, одлучува да се пријави на престижната новинарска школа во Колумбија, сакајќи да напредува во кариерата. Во текот на студиите таа се запознава со радикалниот „Феминистички клуб“, група која ги охрабрува жените гласно да ги споделуваат мислењата за правото на глас, контролата на раѓањето и правата на жените. Станувајќи дел од оваа група Лора почнува да ја менува својата традиционална улога на сопруга и мајка. Но, кога ќе се случи кражба на многу вредни книги во библиотеката, заканувајќи се да го растурат нејзиниот дом и институцијата што ја сака, таа е принудена да се одлучи кои се нејзините моментални приоритети… бидејќи едноставно може да изгуби сè што има стекнато во животот.

Осумдесет години подоцна, Сејди Донован раководи со наследството на нејзината баба, познатата новинарка и есеистка Лора Лајонс и работи како главен кустос на Јавната библиотека во Њујорк. Но, работата станува кошмар кога многу ретки ракописи, белешки и книги ќе почнат да исчезнуваат. Решена да го спречи тоа и да ја спаси сопствената кариера, Сејди најмува приватен детектив за да го открие сторителот. Меѓутоа, работите стануваат неочекувано лични кога истрагата ќе ја доведе Сејди до некои несакани вистини за сопственото семејно наследство – вистини кои фрлаат нова светлина врз најголемата трагедија во историјата на библиотеката.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Лавовите од петтата авенија

  • Издавачка куќа: Култура
  • Автор: Фиона Дејвис
  • Достапност: На залиха
  • 520 ден
  • 416 ден


Слични продукти

Последното патување на Валентина

Во оваа книга егзотично убавата, но несреќна Алба живее на пловен дом на Темза, каде што ужива во лу..

Автор:

392 ден 490 ден

Вилинско коњче

На колкава возраст сме подготвени за најтешките разделби и загуби?Смртта секогаш нè фрла во ладна во..

Автор:

280 ден 350 ден

Недела попладне

Малиот Тео расте со сознанието дека не е обично дете, односно дека е „специјален“. Поради тоа, тој м..

Автор:

296 ден 370 ден

Џентлмен во Москва

„Романот е исполнет со енергија од бројни авантури, љубовни афери и пресврти на судбината“. - Волстр..

Автор:

440 ден 550 ден

Ознаки: lavovite od pettata avenija, fiona dejvis