"Неговите очи ми кажуваа сѐ што со гласот не можеше. Разменивме илјада зборови без да изустиме ниту еден..."

Бегајќи од сеќавањата за трагичната смрт на татко ѝ, Бри Прескот ќе пристигне во заспаното, крајезерско гратче Пелион, полна со надеж дека овде конечно ќе го пронајде мирот, кој очајно ѝ е потребен. Но, оковите сѐ уште ја држат врзана за минатото. Кога случајно ќе го сретне Арчер Хејл, немо, но презгодно момче, кое живее изолирано на својот огромен имот, таа верува дека токму тој го чува клучот за нејзината слобода. Ќе ѝ помогне ли тој да си ги залечи раните?

Срцето на Арчер е одамна затворено за љубов. Во сообраќајна несреќа, освен што ги загубил родителите, го загубил и својот глас. Отфрлен од сите, тој нема со кого да разговара... Сѐ додека не се појави Бри. Ќе му помогне ли таа конечно да се слушне неговиот глас?

Толку многу страст и толку многу болка се преплетени во оваа емотивна приказна за двајца луѓе што учат како повторно да веруваат некому. Но, се чини дека тишината на Арчер е она што ќе им помогне да разберат оти понекогаш, сѐ што ни е потребно е една личност што ќе успее да го слушне нашето срце, звук што никој друг не се ни обидел да го чуе.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Гласот на Арчер

  • Издавачка куќа: Букленд
  • Автор: Миа Шеридан
  • Достапност: На залиха
  • 520 ден


Слични продукти

Собата на пеперутките

Поузи Монтакју се приближува до својот седумдесетти роденден. Адмирал хаус, нејзиниот сакан дом од д..

Автор:

550 ден

Уметноста на наследување тајни

Луѓето го гледаат само тоа што сакаат да го видат.Оливија Шо, уредничка на едно од најугледните спис..

Автор:

500 ден

Остани со мене

Кога прочуената авторка на библиски студии Џеневив Вудворд добива анонимно писмо за минатото на свои..

Автор:

550 ден

Чекај ме кај езерото

Ферн Брукбенкс голем дел животот поминала размислувајќи за Вил Бакстер. Во своите рани дваесетт..

Автор:

500 ден

Ознаки: glasot na arcer, mia seridan