Во 1923 година болшевичката влада одлучила околу 150 000 напуштени деца итно да бидат евакуирани во провинции во кои имало повеќе храна и каде што можеле полесно да преживеат. 

По граѓанската војна во Русија, искусниот командир Деев и строгата комесарка Бела организираат евакуација на петстотини бездомни деца од Казањ за Самарканд. Деев, како современ Одисеј, Херкул или Јасон, му се спротивставува на апсолутното Зло, кое се појавува во разни облици: глад, смрт, болест или убиства. Во очите на децата, во текот на шесте недели од патувањето, се нижат возбудливи и опасни авантури низ непрегледните пространства што треба да ги изминат. А патот е немилосрден и се претвора во лавовска битка за секој залак храна, за секоја голтка вода – вистинска битка за живот. Илјадниците изминати километри ќе го сменат животот на сите патници, а книгата која изобилува со потресни и ведри сцени, гарантирано ќе допре до срцата на сите читатели. 

Гузел Јахина уште еднаш го докажува својот талент за раскажување, навлегувајќи во болните теми од минатото на Русија, што несомнено се одразиле и на современото општество. Вештината на нејзиното маестрално пишување јасно се одразува на секоја страница на романот кој зрачи со животна сила.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Возот за Самарканд

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Гузел Јахина
  • Достапност: На залиха
  • 600 ден
  • 450 ден


  • 1 или повеќе 450 ден

Слични продукти

Страв од варвари

"Фасцинантен е начинот на кој книгата се чита како алегорија од некоја далечна епоха и како современ..

Автор:

210 ден 300 ден

Ноември

Драматична приказна за едно обично семејство, кое една ноемвриска ноќ е разделено од големата истори..

Автор:

252 ден 360 ден

Предоцна

Слоун би отишла до пеколот и назад за оние коишто ги сака. И го прави тоа, секој Божји ден. Заглавен..

Автор:

392 ден 490 ден

Чудни цвеќиња

Чудни цвеќиња е приказна за прогонството и враќањето, за загубата и откривањето, за залекувањето од ..

Автор:

245 ден 350 ден

Ознаки: vozot za samarkand, guzel jahina