Сублимирани емоции со две лажички мед. Сензитивна и сензуална. Длабоко интимна и без задршка. Ранлива и храбра. Збирка создадена речиси во еден здив. Пишувана, растена и обликувана со многу искреност, страст, нежност и копнеж.
Во оваа книга авторката, која воедно е и психолог и јогин, ги презентира своите емоции создавајќи интерактивно и хибридно дело со уникатна структура во нашата книжевност. Поетска авантура низ стихови и дневнички записи со ефект на вистински емоционален ролеркостер.
Со необичниот и холистички пристап кон внатрешниот свет и кон творечкиот процес, Лепојевиќ ги поканува читателите директно и длабоко во нејзиниот интимен дом, нудејќи ги сите медиуми за негово искусување: зборот и чувството, цртежот и звукот, фотографијата и видеото.
Или, како што вели авторката: „Збирка полна искрена ЈАС: расечена, искрвавена низ стиховите, распослана по страниците.“
Дождови во мај
- Издавачка куќа: Полица
- Автор: Даница И. Лепојевиќ
- Достапност: На залиха
- 250 ден
-
175 ден
-
- 1 или повеќе 175 ден
Слични продукти
Нека играат децата
„Нека играат децата“ е прва објавена книга на Денис Бојаров и претставува збирка раскази наменета за..
225 ден 300 ден
Железно небо
Ова е прв роман на Марјан Георгиевски, битолскиот актер и еден од првите стенд-ап комичари кај нас, ..
280 ден 350 ден
Собрани раскази
Расказите, од кои некои се во форма на басни, алегории или параболи, заземаат централно место во тво..
525 ден 700 ден
Ознаки: dozdovi vo maj, danica lepojevikj
