"Вратата ја затворам полека и зад мене го оставам Јосиф, клекнат на подот, заедно со Никита. Куќичката од лего-коцки ќе ја доправи и ќе отиде во спалната, ќе ја поттурне расфрлената облека на мојата страна од креветот и ќе легне, но нема да ме побара. Нема да ме побара ниту наредното утро кога ќе се разбуди и ќе види дека ме нема до него. Ќе отиде во тоалетот да се истушира и да се избричи, ќе ја облече кошулата што му ја испеглав, ќе се насмевне за тоа со каква прецизност му ги пеглам ракавите, но нема да ме побара. Нема да ме побара ниту кога Соња ќе ги собере нашите фотографии, сувенирите од патувања, подароците што сме си ги подарувале за годишнини и родендени, и ќе ги остави во црни ќеси за ѓубре.
Ќе поминат денови, недели, можеби и години, а тој ќе мисли дека сум тука некаде и нема да ме побара..."
Приказна за четворица родители, едно дете и многу ладни семејни ручеци...
Не кажувам
- Издавачка куќа: Полица
- Автор: Петар Андоновски
- Достапност: На залиха
- 300 ден
-
210 ден
-
- 1 или повеќе 210 ден
Слични продукти
Љубов пред Божиќ
„Ако во изминативе неколку дена научив нешто, тоа е дека човек треба да се бори за среќата.”По тешки..
360 ден 450 ден
Последната од девојките Месечини
Лизи Месечина никогаш не ја сакала фармата на девојките Месечини. Пред осум години, таа ја напуштила..
360 ден 450 ден
Море од спомени
Кога Кендра првпат ја посетува својата болна баба, таа ја замолува да ја запише нејзината ..
368 ден 490 ден
Ознаки: ne kazuvam, petar andonovski
