Може ли старата куќа која се распаѓа да понуди нов живот, нова љубов и нова надеж?

Животот на Џина се претвора во кошмар: покрај неодамнешната загуба на својот татко, таа ги губи работата и нејзиното неверно момче. И кога ќе помисли дека од ова нема враќање, Џина добива неочекувано наследство. Нејзината најсакана тетка Лиз ѝ ја остава својата прекрасна, стара куќа во срцето на Бордо, регион познат по најубавите француски вина. Таа без двоумење ја прифаќа шансата за нов почеток.

Но, токму кога почнува да се чувствува како да припаѓа во нејзиниот распаднат, но шармантен дом, таа неочекувано открива огромна тајна што ја тера да се сомнева во искреноста на личноста на која најмногу ѝ верувала. Додека таа мисли дека тоа е знак да ги спакува куферите и да се врати во Лондон, огромна бура го руши покривот, а Џина нема каде да се обрати за помош освен на шармантниот син на нејзината сосетка.

И додека грозјето се подготвува за берба, дали Џина може да го најде својот пат до прошката и дали конечно е време таа повторно да го отвори своето срце за новата љубов?

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

(Не)откриената тајна

  • Издавачка куќа: Култура
  • Автор: Фиона Валпи
  • Достапност: На залиха
  • 490 ден


Слични продукти

Војна и љубов

1917 год. Првата светска војна е во својот зенит, кога Хејзел и Џејмс првпат се среќаваат на една за..

Автор:

520 ден

Нултиот час

Дали човек може да добие нова шанса кога најлошото, најстрашното, најдлабокото страдање веќе се случ..

Автор:

500 ден

Еден ден со тебе

Еден ден, пет животи, но чии срца ќе бидат скршени со завршувањето на ноќта?Денот за сите започна во..

Автор:

490 ден

Тајните на светилникот

Елен Траутон бега од удобниот живот во Лондон, од свршеникот кој не го сака, од работата што ја заду..

Автор:

490 ден

Ознаки: неоткриената тајна, откриената тајна, neotkrienata tajna, (ne)otkrienata tajna, fiona valpi