Кој би рекол дека четири минути можат да сменат сѐ?
Денес треба да биде еден од најлошите денови во животот на седумнаесетгодишната Хедли – денот од кој таа се плаши со месеци. Втората свадба на татко ѝ, на сосема друг континент од неа, со жена која таа воопшто ја нема запознаено. Во нејзиното срце има едно нежно и ранливо место кое сѐ уште не е заздравено од неговото заминување и дефинитивно уште повеќе страда поради настаните кои претстојат.
Како сето тоа да не е доволно; таа е присилена да присуствува на свадбата и поради доцнењето од само четири минути, Хедли го испушта својот лет. Таа ќе доцни на свадбата на која воопшто не сакаше да оди. Има ли поголема иронија на судбината од тоа? Постои ли нешто полошо од целиот тој сплет на околности?
Постои. Оливер, осумнаесетгодишното момче од Британија кое седи до Хедли на следниот лет ќе ви покаже дека судбината има чуден начин да си поигра со нас, ќе ви докаже дека од лошото секогаш постои полошо и дека треба да научиме да ја пронајдеме светлата точка во сѐ. Кога може тој, може секој. Тој ќе ни покаже дека четири минути навистина можат да сменат сѐ.
Оваа прекрасна приказна неодамна доби и своја екранизација, која со недели беше во ТОП 10 на Netflix, во над 100 земји ширум светот.
Статистичка веројатност за љубов на прв поглед
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Џенифер И. Смит
- Достапност: На залиха
- 390 ден
-
312 ден
-
- 1 или повеќе 312 ден
Слични продукти
Ова завршува со нас
Понекогаш, оние што најмногу ги сакаме се тие што најмногу нѐ повредуваат.Лили Блум немала лесно дет..
320 ден 400 ден
Ќе се сретнеме повторно
Дали љубовта може да ги надмине сите пречки?Замислете да запознаете еден човек, заедно да поминете ш..
315 ден 420 ден
Жена на дното
Нејзините зборови едно време палеа огнови во срцата на читателите. Но, по фијаското со филмската ада..
440 ден 550 ден
Разговори во четири очи
Ана и Хенрик се во брак дванаесет години и имаат три деца кога нивната врска почнува да се распаѓа. ..
175 ден 250 ден
Ознаки: statisticka verojatnost za ljubov na prv pogled, djenifer smit
