„Фустанот“ и „Светец“ се две кратки приказни од легендарната Колин Хувер, која неуморно твори бидејќи нејзините читатели низ целиот свет секогаш се желни за уште.
„Фустанот“ е романтична приказна за прифаќањето; прифаќањето на оние кои ги сакаме вистински и безусловно, но и за себеприфаќањето. Што ако твојот дечко, кој би требало да те сака таква каква што си и да те смета за најпривлечната личност во секоја просторија, секогаш ти купува неколку броја помали фустани и долна облека? Дали едноставно не знае кој број навистина носиш или сака да ти пренесе некоја скриена порака?
„Светец“ е малку помрачна романтична приказна со нишка на мистерија. Во стилот, повеќе потсетува на Верити отколку на романсите на Хувер. Една писателка заминува во изолирана колиба за да се дистанцира од сѐ и да може да пишува. Но, приказната на која работи вклучува афера, а таа никогаш во животот немала афера и едноставно не верува дека може автентично да ја напише. Кога ѝ се укажува шанса да доживее лично искуство кое би можело да ѝ помогне во пишувањето, не се колеба многу. Но сите непромислени работи најчесто доаѓаат со каење…
Фустанот и Светец
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Колин Хувер
- Достапност: На залиха
- 350 ден
-
280 ден
-
- 1 или повеќе 280 ден
Слични продукти
Италијанската ќерка
Неверојатно волшебен и трогателен роман за изгубена љубов, семејни тајни и истрајна надеж.Есте отсек..
368 ден 490 ден
Експериментот Вистинска љубов
Не се плашете од љубовта, прифатете ја и таа ќе ве направи среќни.Фелисити „Физи“ Чен е целосно..
368 ден 490 ден
Љубов, теоретски
Дали паѓањето во орбитата на згодниот физичар ќе ја доведе нашата протагонистка во искушение да ги п..
400 ден 500 ден
Светла страна
Кејт е најневеројатната жена што некогаш сум ја запознал во мојот живот. Таа ме промени, јас станав ..
364 ден 520 ден
Ознаки: fustanot i svetec, kolin huver
