Шеснаестгодишната Џени Линд е киднапирана сред бел ден додека се враќа од училиште. Однесена е во запуштена куќа, каде што таа и другите киднапирани девојки се соочуваат со ужаси што ги надминуваат нивните најлоши кошмари. Иако очајно сакаат да избегаат, нивниот чувар го спречува секој можен обид за бегство. Времето минува, исчезнувањето на тинејџерката паѓа во заборав, па дури и нејзините родители повеќе не се надеваат на добри вести.
Пет години подоцна, телото на Џени е пронајдено обесено на игралиште. Нема докази, само еден сведок – маж кој не се сеќава што точно видел. Почнуваат да се појавуваат тела на млади девојки убиени на најсурови начини. Комесарот Јона Лина е единствениот што се сомнева дека сите убиства носат ист потпис и ги крши процедурите за да се обиде да го пронајде и запре крвожедниот психопат скриен зад невина маска.
Слични продукти
Очи на темнината
„Еден кинески научник по име Ли Чен избега од Кина во Соединетите Американски Држави и со себе донес..
420 ден
Бегство
Како да фатите бегалец кој нема што да изгуби?Еден опасен затвореник, на кој му се посреќува, се пуш..
400 ден
Мрачен мотив
Добре дојдовте во светот на брилијантниот детектив со необичен ум – инспектор Гамаш, легенда од ранг..
400 ден
Паѓање
Штотуку се качивте на летот за Њујорк. Во авионот освен вас има уште четириесет и три патници. Она ш..
490 ден
Ознаки: covekot od ogledaloto, las kepler