Сурово искрено четиво кое прво ве крши на многу парчиња, а потоа одново ве составува, така што ниту еден дел не е излишен. 

Кристи Тејт е штотуку прогласена за најдобра студентка на Правниот факултет и успешно се справува со нарушувањата во исхраната. Но зошто вози низ Чикаго посакувајќи да исчезне? Зошто си замислува дека ѝ става крај на тагата што ја притиска?

Кога влегува во шестчлената група на психотерапевтот д-р Розен, сѐ почнува да се менува. Но пресвртницата во нејзиниот живот не се случува прекуноќ. Влезот во тој чуден и застрашувачки свет, во кој пред непознати луѓе треба да ги исповеда дури и најмрачните тајни, воопшто не е лесен. Но во секој случај е исплатлив. 

Кристи Тејт е наш водич во тешкиот, но возбудлив процес на поврзување со себеси и со другите – врска за која не сме знаеле дека ни е толку потребна сѐ додека не се најдеме разголени пред оваа книга согледувајќи колку нѐ чинат чувствата што ги потиснуваме во себе. Време е да ги пуштиме надвор, кон новиот среќен живот. 

„Потребни се храброст и доверба за да се разголи душата пред психотерапевт и плус пред шестмина странци. Одлуката на Тејт да ја раскаже оваа приказна е вистински подвиг, и среќни сме што се одлучи на тој чекор.“ - Лори Готлиб, авторка на „Можеби треба да разговараш со некого“

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Група

  • Издавачка куќа: Три
  • Автор: Кристи Тејт
  • Достапност: На залиха
  • 490 ден


Слични продукти

Животни радости

Ова е едно од многуте охрабрувачки списи од Марден. Најинспиративната книга што некогаш ќе ја прочит..

Автор:

400 ден

Твојот втор живот започнува кога ќе сфатиш дека имаш само еден

Што да правиш кога одеднаш ќе се најдеш заглавен во стапицата на секојдневната рутина, кога ќе сфати..

Автор:

340 ден

Се е заебано

Од авторот на интернационалниот мегабестселер „Е, баш ме заболе“ доаѓа контраинтуитивен водич за про..

Автор:

390 ден

Оружјата на критичкиот и лекот на негувачкиот родител

Јазикот коски нема, но коски крши, вели народната мудрост. А сите сме почувствувале дека некогаш збо..

Автор:

400 ден

Ознаки: grupa, kristi tejt