По долго време, легендарната Сузан Елизабет Филипс се враќа со емотивен роман за женскоста, дивите срца и исцелувачката моќ на љубовта.
Кога животот ја разочарува по којзнае кој пат, младата вдовица Тес Хартсонг бега во мало гратче високо во планините Тенеси, надевајќи се дека во природата ќе успее да побегне од скршеното срце и да го најде мирот којшто ѝ е потребен за да си дојде на себе. Но наместо спокој и тишина, пронаоѓа енигматичен уметник кој исто така е во потрага по самотија, еден слободен дух со премногу тајни, едно беспомошно новороденче, група љубопитни тинејџери и град сомничав кон секој новодојденец, особено таквите тврдоглави како Тес.
А подеднакво тврдоглав е и Иан Норт; комплициран, надарен маж со измачена душа – човек кој ја тера Тес да преиспитува сè. Бегајќи кон овој нов живот, Тес се прашува: дали целосно ќе се изгуби себеси… или ќе си ја пронајде иднината?
Слични продукти
Позајмени сништа
Му должиш на детето во тебе да се бориш за неговите соништа, му вети, се сеќаваш?Понекогаш посакувам..
300 ден
Кога верувавме во сирени
Срцето може буквално да боли, не метафорично – од тежината на споменот, копнежот и бесот.Пред многу ..
500 ден
Празна мапа
Ана, Алжбјета и Анежка. Три жени, три поколенија, една фамилија и многу животни пресврти, трауми и т..
380 ден
Изгубените девојки во Париз
Од авторката на бестселерот Вагонот со сираци, нова исклучителна приказна за пријателството и храбро..
450 ден
Ознаки: tancuvaj so mene, suzan elizabet filips