Во науката го нарекуваат енергија. Во религијата – верба. Лаички е ‚‚вајб‘‘ или атмосфера. Шесто сетило. Гатачите го декларираат како претчувство. Уметниците – спиритуалност. Не знам како е правилно, знам дека постои. И дека треба да му се верува.

Бен, млад, луд, со апетит за авантура, сосема случајно и неочекувано ја запознава Кејти – нежна, емотивна, склона кон романтизирање на животот. Љубовта го наоѓа својот пат и ги спојува двајцата млади луѓе. Бен и Кејти се заљубуваат. Онака – вистински, исконски, неприкосновено. Набрзо стапуваат во брак. А што следува потоа? Секако дека меден месец. Одлучуваат да одат во Монтана, САД.

Но што може да тргне по зло? Монтана е прекрасна. Воодушевувачки пејзажи, божествена природа, фини луѓе. Уникатни флора и фауна. Рај за очи, спокој за душа. Дабри кои ги градат своите брани, лосови кои пијат вода од бистрите реки, орли летаат високо во небото, раскошни шуми со секакви растенија, од црвен берберис до канадско гиломо…

И сеприсутно чувство на несигурност. Нешто необјасниво. Нешто што Бен и Кејти го чувствуваат, но не можат да си го објаснат. Мистериозна шума. Приказни за лудак кој избегал од лудница. Злокобен ресорт, фарма, имот…? Нешто непознато и одделено од тамошната цивилизација.

Бен и Кејти во Монтана се среќаваат со најстрашното нешто на кое некогаш се осудило човештвото.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Пеколен меден месец

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Благоја Стојков
  • Достапност: На залиха
  • 400 ден


Слични продукти

Чук, чук

Пет црвени свеќички на тортата. Исчекување. Како можеше Зана да знае дека овој ден ќе им го промени ..

Автор:

500 ден

Играта на шепнувачот

Во полицијата дошол телефонски повик од една фирма оддалечена петнаесетина километри од градот. Испл..

Автор:

450 ден

Касапот од Казабланка

Низа грозоморни убиства го потресуваат градот Казабланка. Убиецот точно знае како ќе го гони полициј..

Автор:

500 ден

Семејство

Лора е скршена по ненадејната смрт на нејзиниот сопруг. Борејќи се да се справи емоционално и финанс..

Автор:

450 ден

Ознаки: pekolen meden mesec, blagoja stojkov