По неколкудецениски истражувања, светски познатата психологинка Керол С. Двек од Универзитетот „Стенфорд“ истапува со едноставно, но воодушевувачко сознание за моќта на менталните ставови, што таа ги нарекува mindset. Во ова брилијантно дело, Двек ни покажува како начинот на кој се поставуваме кон своите дарби и вештини може драматично да влијае врз успехот што го имаме во учењето, работата, спортот, уметноста и во речиси секое друго поле. Личностите со статични светогледи потешко ќе напредуваат од оние кои веруваат дека способностите може да се развиваат. Спознавањето на својот ментален став објаснува како успешните родители, наставници, менаџери и спортисти ја применуваат таа идеја за да постигнат исклучителни резултати.
Двек воведува феномен што го нарекува начин на размислување за лажен развој и ги насочува луѓето кон усвојување на подлабок начин на размислување за вистински развој. Таа, исто така, го проширува концептот надвор од поединецот, применувајќи го во групи и во организации.
Со правилни вештини на размислување, можете да ги мотивирате оние што ги водите, ги учите или ги сакате – за да го трансформираат својот и вашиот живот.
Mindset - нова психологија на успехот
- Издавачка куќа: Антолог
- Автор: Керол С. Двек
- Достапност: На залиха
-
650 ден
Слични продукти
Кодексот на хероите
Ако сакате да бидете херој, тоа е лесно. Само вршете си ја должноста!Уште една инспиративна книга за..
280 ден
Бидете свој психотерапевт
Потребна ви е промена? Подготвени сте за промена? Преземете ја одговорноста за себе и својот живот в..
250 ден
Намести си го креветот
Ако сакате да си го промените животот кон подобро, почнете со тоа што наутро ќе си го наместите крев..
250 ден
Детето во тебе мора да си го најде својот дом
Секој копнее да биде прифатен и сакан. Во идеална ситуација, во текот на детството ја развиваме неоп..
450 ден
Ознаки: mindset, nova psihologija na uspehot, kerol dvek