#0 МИА КРИГЕР И ХОЛГЕР МУНК
Во четвртата книга од серијалот преведен на триесет и три јазици, Самуел Бјорк како потврен крими-мајстор нè враќа во минатото и на првиот случај на двајцата познати инспектори.
Тела на две убиени единаесетгодишни момчиња се пронајдени на поле среде Шведска. Помеѓу нив – бел зајак. Во дневникот на една од жртвите стои загадочна исповед: „Утре излегува месечината. Се плашам од Волкот.“ Случајот останува неразјаснет. Осум години подоцна, уште две деца се убиени на сличен начин во близина на Осло, а помеѓу нив – мртва лисица.
На Холгер Мунк, шеф во новата единица во одделението за убиства, му треба помош во решавањето на случајот. Добива препорака за младата кадетка Миа Кригер, која на испитите на академијата постигнува невообичаено високи оценки.
Мунк и Миа заедно копаат по темните, гнасни случаи, што стануваат многу поинтригантни отколку што можат да замислат, а масло на огнот долева веста за исчезнувањето на уште две дечиња…
Слични продукти
Мртва ладна
Во бајковитото село Три Пајнс во Квебек, додека селаните се подготвуваат за Божиќ, некој се подготву..
400 ден
Милион капки
Величествена приказна за предадените идеали, за еден живот што го проголтала незамислива судбина и з..
550 ден
Мрежата на злото
Детективката Џесика Ниеми решава нов случај: Лиза Јамамото, една од најуспешните инфлуенсери во Финс..
490 ден
Град од пареа
„Град од пареа“ претставува колекција од 11 приказни издадени постхумно во чест на прерано починатио..
490 ден
Ознаки: volkot, samuel bjork