На својот шеесетти роденден, една жена си го одзема животот. Кога случајот пристигнува на бирото на Карл Морк, нему не му е јасно каква врска има тоа со одделот за нерешени случаи, бидејќи причината за смртта се чини сосем очигледна. Сепак, неговиот шеф, Маркус Јакобсен, е убеден дека тоа е поврзано со нерешен случај што го мачи уште од 1988 година.

На барање на Маркус, Карл и колегите од Секторот Q, Росе, Асад и Гордон, неволно почнуваат да истражуваат. Набрзо откриваат дека претчувството на Маркус се покажува точно: во текот на последните три децении, на секои две години има необични, беспрекорно темпирани смртни случаи со меѓусебна поврзаност што вклучува мистериозни купчиња сол на местото на злосторството. Како што истрагата навлегува подлабоко, се покажува дека овие „несреќни случаи“ се, всушност, дел од пакосна шема на убиства.

Соочени со својот најтежок случај досега, дополнително отежнат од рестрикциите со ковид-19 и предизвиците што им ги носи приватниот живот, колегите од Секторот Q влегуваат во трка со времето за да го пронајдат виновникот пред да се изврши следното убиство, зашто станува сѐпојасно дека убиецот нема намера да сопре...

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Натриум хлорид

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Јуси Адлер-Олсен
  • Достапност: На залиха
  • 550 ден


Слични продукти

Лилјакот

Човечката душа е темна, непрегледна шума, а сите одлуки се носат во самотија.Прва средба со нескротл..

Автор:

500 ден

Фрагменти од слики

Там е 11 годишно девојче. Таа иако никогаш немаше покажано интерес за визуелна уметност, цртежите ко..

Автор:

420 ден

Мрежа

По разводот, младата привлечна мајка Соња, се обидува да го задржи старателството над нејзиниот син ..

Автор:

299 ден

Исчезнатиот маркиз

Сега и филм на „Нетфликс“ со Мили Боби Браун, Хенри Кавеил и Хелен Бонам Картер!Запознајте ја Енола ..

Автор:

280 ден

Ознаки: natrium hlorid, jusi adler-olsen