Во зоната на смртта, кога мозокот е гладен за кислород, не може да им се верува ниту на сопствените очи...
Откако едвај го преживеа искачувањето на Сноудон, новинарката Сесили Вонг се заколна дека никогаш повеќе нема да стапне на планина. Но, тогаш добива ексклузивна можност да го интервјуира светски познатиот алпинист Чарлс Меквеј, откако ќе се искачи на последниот врв од неговата мисија. Сепак, постои еден услов - ќе мора да се искачи заедно со него на осмиот највисок врв во светот.
Задачата е тешка, а не ја олеснува ниту фактот што чудни работи почнуваат да се случуваат уште пред почетокот на нивната авантура. Ќе најде порака закачена на нејзиниот шатор, горко предупредување дека во вртоглавите височини демне убиец.
Изолирана на планината, без речиси никаков контакт со надворешниот свет, Сесили ќе мора да преживее во суровата средина со уште петмина туѓинци, справувајќи се со низа препреки, кои навестуваат дека навистина постои некој на планината кој сака да ги убие, еден по еден, сите што се осмелиле да стапнат во зоната на смртта, каде што воздухот е недоволен дури ни за вресок...
Без здив
- Издавачка куќа: Букленд
- Автор: Ејми Мекалок
- Достапност: На залиха
- 520 ден
-
364 ден
-
- 1 или повеќе 364 ден
Слични продукти
Мистериозниот случај во Стајлс
Дејството на овој роман се одвива во Англија за време на Првата светска војна на имотот Стајлс Корт,..
304 ден 380 ден
Ноќта за која зборуваа сите
Како се решава убиство? Со следење на лекциите од експертот — Агата Кристи! Ирис и Алиса повторно се..
443 ден 590 ден
Прифатлив ризик
Сара Денинг е воена новинарка во армијата на САД на Блискиот Исток. Нејзиниот конвој е нападнат и та..
315 ден 450 ден
Прозорецот
Што ако обвинетиот ви каже дека зад убиството на неговата сакана стои „човекот од прозорецот“ на пет..
300 ден 400 ден
Ознаки: bez zdiv, ejmi mekalok

