Сите бракови имаат точка на пукање. Сите семејства имаат рани. Сите војни имаат своја цена…
Како многу сопружници, и Мајкл и Џолин Заркејдс се соочуваат со притисоците на секојдневниот живот – деца, кариери, сметки, домашни обврски – додека дванаесетгодишниот брак им се распаѓа. Но кога војничката Џолин ќе биде распоредена во Ирак, во вителот на опасноста, адвокатот Мајкл останува дома, несвикнат да биде единствениот родител на двете ќерки. Мајката Џолин со тешко срце го напушта семејството, но војничката Џолин отсекогаш го сфаќала вистинското значење на должноста. Во писмата што ги праќа до семејството слика розова верзија на нејзиниот живот во првите борбени редови, штитејќи ги најблиските од вистината. Но војната ќе ја промени на начини што никој од нив не можел да ги предвиди. Кога ќе се случи трагедија, Мајкл мора да се соочи со својот најмрачен страв и да води битка со своите уверувања – за најважната работа на неговото семејство.
Во овој моќен роман, Кристин Хана ја истражува душата на проблематичниот брак преку провокативен и актуелен приказ на еден вљубен и завојуван брачен пар. „Домашен фронт“ е приказна за љубовта, загубата, херојството, честа и надежта, која ни нуди длабок и искрен поглед на модерниот брак. Драматично истражување на последиците што ги остава војната врз обичното американско семејство.
Слични продукти
Првата жена фараон
Таа беше толку убава што сите жени ги засенуваше. Толку интелигентна, што успеа да ги погази си..
500 ден
Некој ми го знае името
Уште како мала, Амината ја киднапираа и ја качија на бродот со робови. Таа мора да ги слуша наредбит..
299 ден
Габриела, каранфилче и цимет
Најпознатиот модерен бразилски писател Жорже Амадо нè пренесува во времето на владетелите на какаото..
400 ден
Избриши ги солзите
Водена од опсесијата да ги пополнува празнините во туѓите животи, Мила Еџ има неверојатна страст, ин..
450 ден
Ознаки: domasen front, kristin hana