Победете ги блокадите, совладајте го отпорот и раскрилете ја својата креативност
Ако сонувате да напишете роман, жалите што не сте ги завршиле своите слики, песни или сценарија, ако сакате да основате фирма, од денес да почнете со диета или вежбање... а сепак нешто ве спречува – ова е вистинската книга за вас.
„Војната на уметноста“ е докажан водич за целосно искористување на творечката енергија. Како да го отклучиме својот потенцијал и да ги надминеме стравот и отпорот што ни го спречуваат успехот? Со храброст, следејќи ја вистинската формула и напорно работејќи, страста може да се претвори во цел.
Таа е неопходна за секој човек и за сите животни области, не само за уметноста. Со своето богато искуство, Пресфилд ни дава детален план за препознавање и совладување на отпорот што нè спречува да се зафатиме со најважните работи. Само така можеме да постигнеме остварување на своите соништа и да почнеме да живееме слободно, водени од својата креативност.
„Неверојатно јасно и мудро дело за психологијата на творењето.“ - Џеј Мекинерни
„Отпорот е гласот во нас што ни повторува да се откажеме, да внимаваме, да не брзаме... Пресфилд е генералот со пет ѕвезди во војната против стравот.“ - Сет Годин
Слични продукти
Без оправдувања
За да бидете успешни не е потребно да сте родени под среќна ѕвезда, да бидете богати, да имате идеал..
400 ден
Кога телото вели не
Кога самите не сме способни да му кажеме „не“ на стресот, телото зборува место нас. А кога телото ни..
550 ден
Како да престанете да се грижите и да почнете да живеете
За мудриот човек секој нов ден значи нов живот.Како да ја планираме и направиме поубава иднината, бе..
400 ден
Нашиот луд мозок
Невронауката ни дава забавни и интригантни одговори на прашањата зошто понекогаш нашиот сопствен моз..
420 ден
Ознаки: vojnata na umetnosta, stiven presfild