Траумата не е она што ви се случува вам, туку она што се случува во вас.

Во револуционерната книга „Митот за нормалното“ Габор Мате докажува дека нашата емоционална состојба и меѓучовечките односи се во тесна врска со здравјето и болеста. Според овој реномиран лекар, и покрај сета наша стручност и технолошкиот напредок, западната медицина сѐ уште не му пристапува на човекот како на целокупна личност, туку се сосредоточува само на болеста. Нашите лекари го занемаруваат фактот дека целата денешна култура на живеење го изложува телото на стрес, го оптоварува имунолошкиот систем и ја разнишува емоционалната рамнотежа.

По четири децении богато клиничко искуство, Мате согледал дека она што се сфаќа како нормално е погрешно, зашто го занемарува влијанието на доживеаните негативни искуства и на стресот. Во некој момент од животот потиснатите трауми испливуваат на површина во форма на болест. Токму затоа, медицината треба да ја согледа поврзаноста на умот и телото и да прифати дека тие се цврсто испреплетени и дека нашиот целокупен систем има едно име – телоум.

Напишана заедно со неговиот син Даниел, оваа е најамбиоциозната, можеби и најважната современа книга за здравјето. Таа е водич кон исцелувањето и претставува неодложен повик за спас на современиот човек.

„Книга во која читателите можат да најдат засолниште и утеха во моменти на длабока лична и општествена криза, која може да послужи како компас кога ќе се изгуби ориентацијата.“ – Естер Перел, психотерапевт

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Митот за нормалното

  • Издавачка куќа: Три
  • Автор: Габор Мате
  • Достапност: На залиха
  • 690 ден


Слични продукти

Моќта на навиките

Никогаш не е доцна да се смениме кон подобро. Тоа можеме да го постигнеме со менување на лошите и со..

Автор:

450 ден

(С)Фати го типот што го посакуваш

Метју Хаси, експерт за врски и професионален стројник, во оваа книга ви ги открива тајните на машкио..

Автор:

400 ден

Детето во тебе мора да си го најде својот дом

Секој копнее да биде прифатен и сакан. Во идеална ситуација, во текот на детството ја развиваме неоп..

Автор:

450 ден

Живот, љубов, смеа

Книгата Живот, љубов, смеа истражува три нешта што нè прават човечни – нашата желба да ја осознаеме ..

Автор:

380 ден

Ознаки: mitot za normalnoto, gabor mate