Времето на Тудорите беше ера исполнета со опасности, интриги, заговори и, пред сè, шпионажа.
Летото 1553 година: Време на заговори и измами. Брендон Прескот, сирак, израснат под заштита на едно од најмоќните семејства во Англија, Дадлиеви, е изведен пред суд. За да ја избегне казната тој мора да прифати тајна мисија кај брилијантната, но мистериозна сестра на кралот, принцезата Елизабета. Брендон паѓа во мрежата на заштитникот на Елизабета, Вилијам Сесил и е принуден да работи како двоен шпион. Сесил, во замена за услугите, му ветува дека ќе му помогне да ја открие тајната за своето мистериозно минато.
Принцезата Елизабета е спречена да ја открие вистината за исчезнувањето на нејзиниот тешко болен брат, кралот Едвард Шести. Брендон за да ја докаже својата храброст пред принцезата се втурнува во безмилосна игра на тајни, лаги и убиства.
Роман во кој е опишано владеењето на Тудорите, „Тајната на Тудорите“ е првата книга од Хрониките на шпионот на Елизабета I.
Слични продукти
Печуркарката
Младата Сара веќе седум години оди по истата патека во шумата, од пролет до есен собира печурки, кои..
350 ден
Нултиот час
Дали човек може да добие нова шанса кога најлошото, најстрашното, најдлабокото страдање веќе се случ..
500 ден
Приказна за љубовта и темнината
„Приказна за љубовта и темнината“ е семејна сага и магичен автопортрет на Амос Оз, кој нè води на ед..
600 ден
Клетва
Реши дека нема да ги даде ни мајка си ни сестрите, што и да се случи. Му даде завет на татко си дека..
490 ден
Ознаки: tajnata na tudorite, gortner