Во романот е раскажана судбината на една девојка од маварско потекло, ќерка на емигранти од Мароко, која поминува проблематични пубертетски години во строго контролирано и претежно муслиманско соседство во предградие близу Барселона за време на 1990-тите години.

Постојаната присила да се покорува на закоравените религиозни правила и на машката доминација, типични за мало мароканско село од каде што доаѓа нејзиното семејство, се судираат со современото шпанско општество во кое живее Наима. Спротивставеноста на културите наспроти потребите и желбите на младата девојка се засилува по средбата и силното пријателство со уште една маварска девојка, која поседува смелост да живее на свој начин. Таа ја поттикнува Наима и самата да се впушти во потрага по сопствената индивидуална слобода.

Нахат Ел Хачми ја води нарацијата непристрасно, прикажувајќи го лицемерието на „демократското“ општество во кое двете другарки ќе треба да се соочат со стереотипите создадени врз основа на полот, потеклото и социјалната класа и поради тоа да платат висока цена.

„Во понеделник ќе нè сакаат“ во 2021 година ја добива наградата „Надал“, една од најпрестижните награди за книга напишана на шпански јазик.

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Во понеделник ќе нѐ сакаат

  • Издавачка куќа: Антолог
  • Автор: Нахат Ел Хачми
  • Достапност: На залиха
  • 400 ден


Слични продукти

Италијанската девојка

Розана има само единаесет години кога се запознава со Роберто во кафеаната на своите родители во Неа..

Автор:

630 ден

Ти си мојот живот

… Ја позеде со растреперени раце и треперлив глас, извика: "Кај си, сонце на мама. Кај си, среќ..

Автор:

350 ден

Сребрениот куфер

Во 1939 година, кога Канада е пред влегување во Втората светска војна, седумнаесетгодишната Корнелиј..

Автор:

480 ден

Горчливо срце

Стаписувачка приказна за потрагата по покајание, одмазда и љубов. Приказна што ја потврдува суровата..

Автор:

550 ден

Ознаки: vo ponedelnik kje ne sakaat, во понеделник ќе не сакаат, nahat el hacmi