Сѐ додека има болка, ќе има и живот.

Во еден сомнителен мотел во Бангкок е најдено телото на норвешкиот амбасадор во Тајланд, прободено со ритуален нож. Дали бил жртва на грабеж или се работи за убиство од политички причини? Обидувајќи се да избегне скандал, Осло го праќа мамурниот инспектор Хари Хуле на специјална задача. Набргу тој талка по бангкокшките улички помеѓу опиумските дувла, храмовите, рекламите за туристи, малолетниците што се проституираат и го-го баровите.

Сите кријат нешто и истрагата тапка во место. Кога Хари ќе дојде до една сомнителна снимка, работите уште повеќе се комплицираат. Можните сведоци ненадејно исчезнуваат и трагите не водат никаде. Но неуспехот во расветлување на убиството не е единствената казна што може да ги најде непретпазливите. Зад мрачните ѕидови на градот владее подземен свет на високи финансии, меѓународна шпионажа и педофилија. Има ли некој комушто Хуле може да му верува во непознатиот град?

„Несбе цврсто управува со сложеното дејство и драмскиот развој на ликовите, но особената привлечност на овој роман е што Хари Хуле совршено се вклопува во живописната реалност на Бангкок и Тајланд, иако Несбе го префрлил во крајно ненорвешко опкружување.“ - Индипендент

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Лебарки

  • Издавачка куќа: Три
  • Автор: Ју Несбе
  • Достапност: На залиха
  • 500 ден


Слични продукти

Клубот Мефисто

Злото постои. Злото се движи меѓу нас. Злото раѓа нов ученик на ѓаволот во напнатиот трилер за детек..

Автор:

630 ден

Главен удар

Нова приказна од Сандра Браун! Роман што ќе ве остави без здив и од кој ќе ви затрепери срцето!..

Автор:

500 ден

Убиството на теренот за голф

Итен повик за помош го носи Херкул Поаро во Франција. Но тој стигнува предоцна за да го спаси клиент..

Автор:

350 ден

Последниот облог

Отман, убав млад марокански маж во Казабланка, се враќа дома за да открие дека неговата постара фран..

Автор:

300 ден

Ознаки: lebarki, ju nesbe