Алиса Лав има дваесет и девет години, лудо е вљубена во сопругот и наскоро треба да стане мајка. Замислете само колку ќе се изненади кога ќе се освести по падот во вежбалницата (во вежбалница? Па таа мрази да вежба!) и ќе открие дека има триесет и девет години и три деца на кои не се сеќава. Се разведуваат со љубениот сопруг Ник, кој ја мрази, а од сестра ѝ Елизабет, поради некоја причина, необјасниво се отуѓила.
Сега мора да сфати зошто одвај разговараат со сестра ѝ и како се претворила во една од оние преслаби мајки облечени во прескапа облека. Како можело за десет години нештата да тргнат толку наопаку? Зошто не се препознава самата себе – и што е уште полошо, зошто оваа нова Алиса ни најмалку не ѝ се допаѓа?
Алиса мора да се сети на сè што заборавила, одново да ја изгради сликата од изминатите десет години и да дознае дали работите можат да бидат како порано. А пред сè, мора да дознае дали заборавот е благослов или проклетство и дали е навистина можно човек да почне одново.
Се што заборавила Алиса
- Издавачка куќа: Сакам Книги
- Автор: Лиен Мориарти
- Достапност: На залиха
- 550 ден
-
440 ден
-
- 1 или повеќе 440 ден
Слични продукти
Замрачување
Во нарација подеднакво маѓепсувачка и мистериозна како и сеќавањето – ја дознаваме приказната за Нат..
263 ден 350 ден
Две средби на полна месечина
Сем беше нејзината прва љубов. Нејзиното прво сè. Вклучувајќи го и нејзиното прво скр..
368 ден 490 ден
Под Змејската Карпа
Откако ќе биде тешко ранет на фронтот во Русија, младиот австриски војник Феит Колбе ќе биде вратен ..
378 ден 540 ден
Проклетството на Палмизанови
Тој имаше право: црешите повторно ќе расцутат и ќе даваат сочни плодови. Повторно ќе се врати времет..
300 ден 400 ден
Ознаки: se sto zaboravila alisa, lien moriarti
