Дали животот беше испишан според нејзините правила? Животот знае да задава страшни и остри удари, но ударите што ѝ ги задава на малата Ана се толку постојани што не може да се исправи да го види сјајниот ден. Секој нов удар за неа е и нов предизвик кон нова цел за кревкоста во неа и за тоа како таа толку малечка да му се спротивстави на животот. Начинот на кој таа го надминува сето тоа и со што сè мора да се соочи е поттик за секого да изоди цврсто и храбро низ сè што животот ќе му зададе. Таа е само дете, таа е толку невина, но таа се повлекува во еден поинаков свет, свет без постојаност каде молкот и стравот се врежани во душата неспокојна. Не затоа што таа го посакува тоа, напротив го посакува истото што го сакаат и другите деца, но одземена ѝ е можноста да го има она што му припаѓа на секое дете. Тоа продолжува да трае и кога Ана ќе стане тинејџерка, но до кога ќе трае агонијата низ борбата за подобар живот – ќе откриете во оваа книга.
Вистинската приказна за Ана нè води низ битката на животот, низ молкот на страдањето.
Молкот на страдањето
- Издавачка куќа: Збор
- Автор: Ивана Глоѓуновска
- Достапност: На залиха
- 320 ден
-
224 ден
-
- 1 или повеќе 224 ден
Слични продукти
Засекогаш моја
Кирстин Халберг се стреми кон решавање на работите, страсно прифаќајќи го предизвикот да го пропатув..
343 ден 490 ден
Времето на лалињата
„Времето на лалињата“ е уште едно прекрасно дело на Дебора Могах кое стана голем европски бестселер,..
315 ден 420 ден
Оние што си заминаа и оние што останаа
Мајка! Колку моќно звучи тоа. На овој свет веројатно нема ништо посилно од мајчинството. Дури ни они..
323 ден 430 ден
Ознаки: molkot na stradanjeto, ivana glogjunovska
