„Моето вчера исчезнува, а иднината ми е неизвесна - тогаш за што живеам? Живеам за секој ден. Живеам за сегашниот момент. Ќе го заборавам денешниот ден, но тоа не значи дека денешниот ден не е важен.“

Алиса Хауланд е среќно омажена жена и мајка на три возрасни деца. Таа е ценета професорка на Харвард и на врвот од својата професионална кариера забележува дека нејзиниот ум полека, но сигурно, го освојува заборавот. Збунета од помрачување на мислите и се позачестеното губење на меморијата, Алиса оди на лекарски преглед каде што и е дијагностицирана рана Алцхајмерова болест. Наспроти страшната болест и фактот дека ја губи контролата над сопствениот ум, Алиса дава се од себе за да живее како порано. Но, болеста забрзано напредува и таа веќе не е способна да работи, не ги препознава сопствените деца и не може да се грижи за себе.

На моменти трогателен, но пред се инспиративен и застрашувачки, романот "Се уште Алиса" детално и многу реално го опишува животот, чувствата и размислувањата на личноста која боледува од деменција, предизвикана од ужасната Алцхајмерова болест. Но, ова не е само приказна за заболениот, туку и за неговото семејство кое падеднакво трпи и страда...

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Се уште Алиса

  • Издавачка куќа: Матица
  • Автор: Лиса Џенова
  • Достапност: На залиха
  • 530 ден
  • 398 ден


  • 1 или повеќе 398 ден

Слични продукти

Синџирот

Кога една мајка е мета на опасна група луѓе, таа мора да стори злосторство за да ја спаси својата ки..

Автор:

375 ден 500 ден

13 минути

Прогласена „најдобра книга“ за млади за 2016 година од ТЕЛЕГРАФ.Не се сеќавам како завршив во с..

Автор:

368 ден 490 ден

Четирите ветришта

Тексас, 1934. Милиони се без работа и невидена суша ги пустоши Големите рамнини. Фармерите се борат ..

Автор:

400 ден 500 ден

Кога верувавме во сирени

Срцето може буквално да боли, не метафорично – од тежината на споменот, копнежот и бесот.Пред многу ..

Автор:

400 ден 500 ден

Ознаки: se uste alisa, lisa djenova