Откријте како да го прифатите несовршеното со Кинцуги. Применете го овој древен принцип во вашиот живот и научете како да се обновите себеси, одново да си го изградите животот и да си ги сакате сите мани.

Јапонските мајстори за кинцуги нежно и внимателно ги поврзуваат скршените керамички садови со помош на златно лепило, оставајќи ја поправката јасно видлива за другите. Психологот Томас Наваро верува дека ние треба да му пријдеме и на сопствениот живот со истата филозофија. Секој од нас се соочува со страдање, ама клучен е начинот на кој ги надминуваме нашите неволи и ги зацелуваме емоционалните рани. Не треба да ги криеме поправките, тие се потврда за нашата сила.

Наваро прикажува реални решенија за вистинските проблеми што ги видел во професионалниот живот. Раскажаните случки покажуваат дека е можно секоја невола и пречка да се претвори во предност и сила. Неговото психолошко разбирање и перспектива ќе ве охрабрат и ќе ве подготват за секоја пригода во која можеби ќе доживеете некаква незгода, разочарување, загуба на работното место или тага.

Многупати применета заедно со икигаи (уметноста за наоѓање цел на животот), кинцуги ни покажува како може одново да најдеме среќа, честопати и наспроти сите шанси. Всушност, едно болно искуство може да не претвори во порешителен човек, подготвен со поголем оптимизам да се соочи со светот.

"Кинцуги, што се преведува како „златна столарија“, е најновиот тренд на живеење што ветува промена на нашите животи." - The Telegraph

Напиши мислење

Белешка: HTML не е дозволен!
    Лош           Добар

Кинцуги

  • Издавачка куќа: Матица
  • Автор: Томас Наваро
  • Достапност: На залиха
  • 530 ден


Слични продукти

Стоички мудрости за секој ден

„Стоички мудрости за секој ден“ е несекојдневно четиво што пружа сеопфатен поглед и исцрпно знаење в..

Автор:

600 ден

Одмотајте го клопчето на анксиозноста

Бестелсер на „Њујорк тајмс“ и на „Волстрит џорнал“Како да ги прекинете циклусите на загриженост и ст..

Автор:

450 ден

Петте јазици на љубовта

Човек лесно се вљубува. Но да се одржи љубовта – тоа е вистинскиот предизвик. Која е формулата за ср..

Автор:

380 ден

Љубов, омраза, лекување

Оваа книга ќе ви помогне да изградите подобра емоционална врска со другите, но и да се откриете себе..

Автор:

400 ден

Ознаки: kincugi, tomas navaro