За да го искачиме врвот не треба да ја совладаме планината, туку себеси. Просветлувачка книга полна со моќни сознанија што нè поттикнува да ги искачиме сопствените планини ослободувајќи се од самосаботажата. Зошто и како се самосаботираме и како да престанеме да го правиме тоа за да си го подобриме животот?
Ние инстинктивно промената ја сфаќаме како можна закана. Затоа не е ни чудно што самите си градиме сопствени кафези и доброволно остануваме во нив, иако вратата не е заклучена. Но светлината ја наоѓаме дури тогаш кога сме подготвени да ја прифатиме темнината. Со извлекување клучен увид од нашите штетни навики, со градење емоционална интелигенција и подобро разбирање на нашите мозоци и тела, можеме да се ослободиме од минатите искуства и да дејствуваме со нашиот нависок потенцијал.
Планината си ти е повик за будење што влева надеж за надминување на сите пречки што ни стојат на патот кон себеостварувањето. Заборавете ги правилата за она на што ве учеле и свесно изберете нови уверувања за да создадете живот што длабоко го посакувате и го заслужувате.
„Врвен водич за сите кои се доволно храбри да се соочат со себе и да си ја повратат моќта.“ - Џена Блек, меѓународен животен тренер
Слични продукти
Асана, Пранајама, Мудра, Бандха
"Асана, Пранајама, Мудра, Бандха" е еден од најсистематските водичи за јога на денешнината. Од нејзи..
500 ден
Владеење со себеси
Владеењето со себеси ја подразбира моќта да се постигне најмногу и најдоброто од себе, а искористува..
300 ден
Книга што посакувате да ја прочитале вашите родители
Сакајќи неговото дете да биде среќно, секој родител се труди да му го покаже вистинскиот пат. Како д..
450 ден
Внатрешната свест
Внатрешната свест е уште една од низата извонредни книги од Аткинсон во која ќе прочитате за менталн..
300 ден
Ознаки: planinata si ti, brijana vist