Не мора да имате совршен живот за да бидете среќни. Среќата е избор што го правите секој ден.
Сте размислувале ли некогаш за своите мисли? Дали сте посклони кон негативните наместо кон позитивните?
Првиот чекор кон промената е да разберете како функционираат негативните мисли и емоции. Една негативна критика може да фрли во сенка стотици позитивни. Затоа, мора да научите да ги преобразувате лошите емоции и да ги претворате во позитивни. Среќниот живот е возможен ако ги следите практичните чекори што ни ги нуди Морис.
Продадена во 100.000 примероци, оваа книга содржи докажана програма што ќе ве научи на 31 практичен чекор за совладување на негативните емоции. Ќе ви покаже како емоциите да работат за вас и ќе ви помогне да ја научите формулата за преобразба на мислите.
Тибо Морис бил интроверт и неговата повлеченост не му овозможувала да ги постигне целите што ги посакувал. Кога одлучил да си го подобри животот, сè се променило. Ова е неговата приказна за тоа како ја пронашол среќата. Може да биде и патоказ кон вашата.
„Корисен, оптимистички и добро организиран водич за справување со емоциите што ќе ви помогне да станете цврсти и непокорни.“ - Киркус ривју
Слични продукти
Развој на интелигенцијата кај детето
Мерењето на интелигенцијата е, можеби, најчесто повторуваниот израз во психологијата во последниве н..
300 ден
Дали финансиите се навистина (такво) страшило?!
Парите не се сѐ и не е сѐ во парите, но без нив не можеме да функционираме. Не можеме да го подобрим..
600 ден
Животот, што самиот си го избрав
Што е воопшто живот, и зошто за секој поединечен човек тој се обликува толку различно? Габриеле, про..
190 ден
Уметноста на создавање спомени
Секоја година имаме на располагање фиксен број денови. Некои денови нè одминуваат не оставајќи зад с..
780 ден
Ознаки: zavladejte so svoite emocii, tibo moris
