Ќе ја прифати ли неговата понуда пред часовникот да отчука полноќ?
Софи Бекет е незаконска ќерка на грофот Пенвуд и негова штитеничка. Но животот ѝ станува неподнослив кога татко ѝ ќе се ожени, а по неговата смрт новата господарка ќе ја претвори во своја слугинка. Деновите на девојката се исполнети со мачна работа, но една неверојатна ноќ засекогаш ќе ѝ ја смени судбината. Софи никогаш не си замислувала дека ќе успее да се прикраде на прочуениот бал под маски – ниту дека таму ќе го сретне својот „принц“! Но додека танцува во цврстата прегратка на шармантниот Бенедикт Бриџертон, се чувствува како принцеза. За жал, знае дека штом часовникот ќе отчука полноќ, магијата ќе заврши.
Која беше таинствената жена?
И по две години од таа волшебна ноќ, Бенедикт не може да ја заборави прекрасната дама која му ги затвори очите за сите други девојки – освен можеби за заводливата убавица облечена како слугинка која од некаде му е зачудувачки позната. Иако се заколна дека ќе ја пронајде таинствената жена од балот и ќе се ожени со неа, со секој изминат ден прекрасната слугинка завладува со неговото срце. Но ако ѝ го подари своето, дали ќе ја жртвува единствената шанса да доживее љубов како од бајките?
Слични продукти
Ова започнува со нас
Лили и нејзиниот поранешен сопруг Рајл најпосле успеваат да фатат ред со заедничкото одгледување на ..
520 ден
Последиците од љубовта
Приказна за љубовта, против строгите закони на Саудиска Арабија. Неверојатниот роман на Сулејман Адо..
499 ден
Париз за еден и други приказни
Број 1 според Њујорк тајмс, од Џоџо Мојес, авторот на „Јас пред тебе“, „После тебе“ и „Сè уште јас”...
450 ден
Среќа за почетници
Од авторката на "Љубовта не гори во пожар". Емотивна, забавна, романтична....
430 ден
Ознаки: ponuda od djentlmen, djulija kvin